Кој ден сте родени?

Околу некои бои се чувствуваме одлично, било да станува збор за облеката која ја носиме, ѕидовите во канцеларијата во која работиме, завесите во спалната соба или омилените чаши за кафе.

koj-den-ste-rodeni

За да откриете кои бои најмногу ви одговараат, проверете на кој ден сте родени. Со секој ден од неделата управува одредена планета, и секој ден симболизира по една боја.

Ако сте родени во:

Понеделник – ден на Месечината
Меланхолични сте, романтични и подложни на промени во расположението. Внимателни сте и скептични. Иако сакате мирен живот, не ви оди од рака да го постигнете ова. Можете да бидете успешни во креативни и уметнички професии. Иако сакате бела и сина треба почесто да носите зелена боја затоа што ја истакнува вашата упорност.

Вторник – ден на Марс
Отворени сте, динамични, секогаш активни, поседувате непресушен ентузијазам и борбеност. Посесивни сте, а умеете да и да се одмаздувате. Сигурни сте во себе и своите способности. Сакате црвена боја, но би било добро да носите и портокалова и кафена.

Среда – ден на Меркур
Посакувате животот да ви личи на некој авантуристички роман полн со изненадувања и непредвидливи настани. Ве привлекува се што е ново. Имате осет за бизнис и секогаш сте настроени кон критика. Никогаш не одмарате, секогаш брзате, а здодевност и неактивност ве „убиваат“. Сакате жолта боја, а треба да носите и сина која ги смирува вашите нерви.

Четврток – ден на Јупитер
Потешкотиите и проблемите ги решавате релативно лесно. Великодушни сте, одлучни, стабилни, влевате доверба, делувате безгрижно. Реални сте и објективни – не градите кули во воздух. Окружете се со сина боја – таа смирува и ја истакнува вашата чувствителност, нежност и хуманост.

Петок – ден на Венера
Трудете се секогаш да делувате расположени. Сакате одмор, забава и патување. Склони сте често да планирате , но и се откажувате од вашите планови или замисли ако не ви се допаѓаат. Зелената боја може да ви помогне да воспоставите рамнотежа меѓу телото и духот.

Сабота – ден на Сатурн
Амбициозни сте, прецизни и методични. Чувствителни сте и имате богат внатрешен живот. Склони сте кон самоиспитување и поседувате истражувачки дух. Не поднесувате користољубиви личности, но треба да разберете дека луѓето имаат и мани. Иако сакате бела и црна боја, жолтата ве поттикнува на акција и ви го подигнува расположението.

Недела – денот на Сонцето
Зрачите со оптимизам и сте полни со ентузијазам. Динамични сте и борбени, работите и живеете надвор од постоечките норми и сте полни со изненадувања. Рафинирани сте, достоинствени, праведни, одлучни. Треба да носите бела боја затоа што таа ве прави почувствителни и сензибилни.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg