Колку калории ќе симнете со пролетното чистење?
Пролетното чистење можеби и не е највозбудливиот начин за симнување на килограми, но сепак е одличен начин да го прославите доаѓањето на пролетта и да изгубите неколку калории.
Ако не верувате, испробајте и уверете се. А, ова се активностите при кои имате најголеми шанси да симнете неколку калории, а воедно да го одржите домот чист.
Чистењето на подовите со мокра крпа – за околу 1 час ќе согорите 153 калории
Чистење на кадата – ќе изгубите повеќе од 90 калории за само неколку минути
Усисување – за само половина час, колку што и ви е потребно за цел дом ќе изгубите 119 калории
Метење – 136 калории за само неколку минути грубо метење на домот
Перење на автомобилот – заштедете некој денар плус со тоа што ќе ја одминете автопералната и изгубете уште 153 калории
Чистење на прозорците – одличен начин да се решите од дури 167 калории во текот на половина час
Средување на гардероберот – додека да трепнете, додека ги здиплите зимските парчиња облека ќе изгубите дури 85 калории