Отворен е највисокиот хотел во Дубаи
Дубаи доби нов, највисок хотел во светот. Ново отворениот JW Marriott Marquis е висок 355 метри, што е за цели 22 сантиметри повисок од досегашниот рекордер Rose Towerкој досега беше на прво место во Гинисовата книга на рекорди.
Хотелот е составен од две кули на 72 ката, но гостите ќе имаат прилика да уживаат само во едната, барем засега.
Tие ќе може да избираат помеѓу 804 соби создадени за уживање, исто како и помеѓу деветте ресторани со прекрасна храна.
Во склоп на хотелот влегуваат и пет кафулиња, две огромни сали за концерти, спа центар и 30 метарски базен.
Но, доколку сакате да уживате во овој луксуз кој JW Marriott Marquis го нуди, ќе мора да платите 250 евра од вечер.
Вреди ли ова задоволство за тие пари?