11 работи кои Фејсбук нè тера да ги правиме

Зависноста од оваа социјална мрежа можеби ни го зголемува кругот на луѓе со кои комуницираме, но не секогаш работите кои ги правиме во овој сајбер свет се карактеризираат како добри.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-01

Ова се 11-те најчести нешта кои ги правиме под влијание на Фејсбук.

1. Ако некого немате во пријатели, тогаш се однесувате кон него како непријател. Многу истражувања покажале дека луѓето кои не ви се пријатели на социјалните мрежи ги категоризирате како непријатели и постојано ги избегнувате во реалниот живот, но од многу погрешна причина.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-1


2.
Фејсбук е виновен за поголем број на навреди.
Кога имате повеќе Фејсбук пријатели имате и многу повеќе можности за да ги навредите луѓето со ненамерни постови и мислења.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-2


3.
Фејсбук ве прави љубоморни на туѓите радосни моменти.
Докажано е дека луѓето побеснуваат кога ќе видат среќно семејство на патување кое тие не може да си го дозволат и си ја нарушуваат личната среќа со ваквите мисли.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-3


4.
Бидете им благодарни на социјалните мрежи бидејќи ви помагаат подобро да ракувате со технологијата.
Докажано е дека оние кои постојано користат Фејсбук или пак играат игри се запознаени подобро со ракување на компјутерот, за разлика од оние кои не ги практикуваат ваквите активности.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-4


5.
Фејсбук дозволува сите да ги видат вашите несовршености.
Оние кои се страствени корисници на оваа социјална мрежа често преку интересите кои ги искажуваат може да одбијат голем број на личности од себе, само заради тоа што премногу ги откриваат своите несовршености.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-5


6.
Фејсбук ве тера да качите неколку килограми плус и да влезете во долгови.
Кога станува збор за килограмите, свесни сте дека заборавате кога и колку јадете додека гледате во мониторот. А што се однесува до долговите, дополнителните реклами на Фејсбук не ви помагаат да го скратите интернет купувањето.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-6


7.
Фејсбук ве расположува кога сте тажни.
Малку е погрешно зголемувањето на вашето его за сметка на туѓата несреќа, но тоа е често причинител за подобро расположение.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-7


8.
Но, социјалните мрежи знаат и да ве депримираат.
Кога некој ужива во моментот повеќе од вас, тоа влијае на вашата среќа т.е. несреќа. Докажано е дека статусите и постовите може да влијаат на вас повеќе од што мислевте.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-8


9.
Фејсбук ве прави љубоморни на вашиот партнер
\вашата партнерка. Докажано е дека следењето на Фејсбук не и одговара на вашата врска, но не се знае зошто многумина го практикуваат тоа.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-9


10.
Кога сте среќни во љубовта, тоа јавно го искажувате на Фејсбук.
Многу истражувања спроведени во изминатата година покажуваат дека паровите кои ги искажуваат јавно своите чувства се чувствуваат посигурно и посреќно.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-10


11.
Фејсбук ве тера да зборувате исклучиво за себеси.
Дали сте нерасположени, лути, тажни, среќни или изненадени, Фејсбук е тука за вас. Зборувањето за самите себеси и вашите активности е навистина досадно за другите, исто како што вие не сакате да знаете кој кога јаде, пие, зборува на телефон или има секс.

11-raboti-koi-facebook-ne-tera-da-gi-pravime-11

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg