Направете миризлива свеќа од свеж портокал
Благодатите на сочната содржина која обилува со минерали, витамин Ц и вода го прави портокалот крал меѓу овошјето.
Иако неговата кора не се јаде, една згодна идеја ќе ве натера добро да размислите пред да ја фрлите кората од портокалот..
Потребен материјал:
- Портокал
- Нож
- Маслиново масло
- Неколку капки етерично масло од портокал, по желба
Изработка:
Засечете го портокалот околу половината, па со прсти олабавете ка кората и внимателно одвојте го двете половини. Делот кој се јаде отстранете го. За изработка на свеќа ќе ви користи половината во која останала внатрешната бела петелка.
Внимавајте да не ја пресечете бидејќи таа ќе ви биде фитил. Во чашката, корка од портокал, ставете маслиново масло, а со маслото малку намачкајте ја и белата петелка.
Во маслиновото масло можете да ставите неколку капки етерично масло од портокал, запалете ја свеќата и уживајте!