Има само 3 години, а питон и алигатор му се најдобри пријатели
Чарли Паркер е три годишно детенце кое ужива да се дружи со необични, диви и опасни животни.Најдобар пријател му е Пабло, питон долг нешто повеќе од 2 метра, исто како и малиот алигатор Гамп.
Фотографијата со алигаторот стана интернет сензација, како и предмет на многу дискусии за влијанието на овие опасни животни врз три годишно дете.
Гред Паркер, таткото на Чарли, работи во австралискиот парк со диви животни, па можеби затоа не гледа каква опасност би можеле да му донесат овие животни. Напротив, тој изјавил дека љубовта на неговиот син кон овие животни е генетски наследна, па затоа смета дека нема ништо чудно.
Погледнете како изгледа детската игра на Чарли заедно со опасните животни во ова видео: