Приказна за слепата љубов
Имаше една слепа девојка која се мразеше себеси поради тоа. Таа ги мразеше и сите околу себе, освен нејзиното момче. Тој беше секогаш тука.
Постојано велеше дека ако може да го види светот со вистински очи, најпрво ќе се омажи за својот сакан.
Еден ден, непознат донатор и го поклони она што најмногу го сакаше. Сега таа можеше да види сè, а најважно и беше да го види своето момче.
Тој веднаш ја праша: „Сега кога можеш да го гледаш светот, дали ќе се омажиш за мене?“
Девојката беше во шок кога виде дека всушност и нејзиниот сакан бил слеп, заради што одби да се омажи.
Нејзиниот сакан си замина без збор, со солзи во очите. По извесно време девојката само го прочита писмото што неодамна и го напиша – „Ти само грижи се за моите очи најмила“.