Што е следно од Тарантино?
Изгледа дека познатиот филм со Бред Пит во главна улога, Inglourious Basterds, заедно со „Django Unchained“, двата дела на Квентин Тарантино, се дел од трилогија.
И двата филмови имаат дејство кое се врти околу одмазда – за двата најголеми историски злосторства – ропството и холокаустот. Еве што изјавил Тарантино за сличностите на филмовите и можноста да бидат дел од трилогија:
„Не знам дали „Inglourious Basterds“ и „Django Unchained“ се дел од трилогија. Колку и да се различни, има нешто заедничко во нив. Големи се шансите да има и трет дел. Но, засега не знам ништо“.
Филмовите за одмазда не се ништо ново за Тарантино, чист доказ се овие два споменати наслови, што значи и можеме, но и не можеме баш да погодиме за што би било тоа трето продолжение.
Што би можел генијалецот да смисли следно? Геноцид на домородното население во САД? Каубојци и Индијанци?
Django Unchained ќе ја има премиерата на 25 декември годинава.