Како да подготвите неодоливо топло чоколадо?
Есенското, или зимско студенило може да биде навистина непријатно доколку немате начин како да се загреете.
Мрзеливото утро или попладне пробајте да го резервирате за опуштање со вашите најсакани, заедно со топлото чоколадо со путер од кикирики.
Ако сте љубители на вкусот на кикириките, задолжително пробајте и уживајте.
- 3 лажички топло чоколадо во прав
- Половина чаша вода
- Половина чаша млеко
- Чоколаден сируп по вкус
- 2 лажички путер од кикирики
- 1 лажичка екстракт од ванила
Направете го топлото чоколадо на стандарден начин – водата, млекото и топлото чоколадо во прав сварете гi неколку минути, додека се згуснат. Додајте неколку лажички чоколаден сируп, екстракт од ванила и на крајот додадете го путерот од кикирики.
Послужете во интересни шолји и можете по избор да декорирате со шлаг или кршено чоколадо.