Направете сами освежувач за простор

Сè што емитува мирис во воздухот обично се нарекува освежувач на просторот. А дали се сите здрави? Токму поради тоа еве неколку совети како сами да направите, природен, пријатен освежувач.

napravete-sami-osvezuvac-za-prostor-1

Разните распрснувачи содржат хемикалии кои може да се штетни за здравјето. Особено може да бидат погодени оние кои имаат асма, па хемикалиите може да им предизвикаат разни алергии.

Според едно истражување употребата на хемиски распрснувачи за освежување на просторот може да предизвика депресија и главоболка.

Што да се прави во таков случај? Сите ние сакаме убаво да ни мириса домот, а употребата на овие средства не е здрава. Па, можеме да се обидеме со употреба на природни освежувачи на просторот.

Освен тоа што се природни, тие се и лесно достапни. Погледнете некои од предлозите.

napravete-sami-osvezuvac-za-prostor-2

Природни масла

Користете мирисни масла како природен освежувач за вашиот дом. Земете една лажица од било кое миризливо масло и измешајте го со половина филџан оцет и два филџана вода. Добро измешајте и течноста ставете ја во распрснувач . Вашиот освежувач на простор е готов.

Цветни екстракти

Вашиот омилен цвет може да стане совршен начин да го освежите домот. Како? Земете латици од некое цвеќе (јасмин, ружа, лаванда) и варете ги во вода на средна температура најмалку 30 минути. Исцедете ја водата и ставете ја течноста во шишенце со спреј. Оставете да се олади, а потоа освежете го домот со вашиот омилен цвет.

Зачини

Земете ги своите омилени зачини, било да е цимет, каранфилче... и варете ги во вода на висока температура 20-25 минути. Ставете ја течноста во шишенце со распрснувач. Исполнете ја вашата соба со убавиот мирис на индиските зачини.

Свеќи од пчелин восок

Не мора да одите до маркет за да купите миризливи свеќи. Направете самите свеќа од пчелин восок. Таа емитува мек мирис и е многу добар природен освежувач.

Би можело да ве интересира:

9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg