Очекувате гости викендов? Еве рецепти за на брзинка!

Имате ли план за викендов? Сакате да уживате во друштво? Мора да спремите барем нешто вкусно за да ги воодушевите вашите гости!

ocekuvate-gosti-vikendov-eve-recepti-za-na-brsinka

Во прилог се 2 наши предлози:

Соленки

За подготовка на овие вкусни соленки потребни ви се:

- 300gr пасирано (или здробено со вилушка) сирење
- 400gr брашно
- 250gr маргарин
- 1 прашок за пециво
- 1 јајце

Брашното се меша со прашокот за пециво и маргаринот, се додава сирењето и 1 жолчка. Се прави кора (дебела околу 1-1,5cm) и се мачка со белка. Одозгора може да посипете со сусам, ким, црн сусам и сл. Тестото се сече во форма по желба (ние ги преферираме на стапчиња од околу 5-6cm). Се пече во загреана рерна на 200°С се додека не постигнат златно-румена боја. Одлични се како грицки, за со пиво и сл.

Тесто со овошје

Ние уживаме во овој брз колач кој е навистина превкусен. Овошјето може да биде било кое свежо или замрзнато (препорачливо е да е посочно за да не биде сув колачот). Може да користите сливи, праски, кајсии.Но, нас ни е највкусно со вишни!

За овој рецепт потребни се:

- 5 јајца
- 12 лажици (супени) шеќер
- 12 лажици млеко
- 12 лажици зејтин
- 15 лажици брашно
- 1/кесичка прашок за пециво
- 1 пакување вишни (всушност, овошје ставате количински во зависност од тоа за кое овошје се работи)

5те јајца се матат со шеќерот. Потоа постепено се додаваат млекото, зејтинот и брашното претходно измешано со прашокот за пециво. Рерната се загрева на 200°С. Тавата за печење се подмачкува со зејтин врз кој посипуваме малку брашно (за да не се залепи тестото). Пола од тестото се истура во тавата и се става да се пече неколку минути на 200°С, а потоа се намалува на 175°С. Кога е малку потпечено се додаваат вишните (или овошјето по ваш избор) и се додава вториот дел од тестото. Ако сакате да биде попримамливо за очи (а, и за вашето непцеJ), во едниот дел од тестото може да додадете 1-2 лажици какао за да колачот биде шарен. Точно време на печење нема, според нашите баби треба да се пече се додека при проверка со чепкалка за заби тестото не прекине да се лепи на чепкалката . На крај можете да го посипете со шеќер во прав.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg