Фотелја за бегство од светот
Заеднички канцеларии, споделување преку онлајн профили, камери вградени во нашите лаптопи... Никогаш не било полесно да се поврземе, но што ако сакаме да се повлечеме, се прашува Freyja Sewell, дизајнерка на HUSH.
Нејзиниот дизајн наменет за осамување и одмор поаѓа од идејата за заштита во утробата на мајката, па ја следи токму таа форма.
Цените на становите налагаат делење простор со повеќе луѓе и тоа во време кога има 21 град со популација над 10 милиони, објаснува Sewell која истакнува колку е важно да се има свое катче во густо населените држави, градови, населби, па и домови.
Hush дозволува да ги спуштите завесите меѓу вас и остатокот од светот, повлекувајќи се во сосема свое местенце.
Hush е направен од волна и се транформира овозможувајќи лежење и седење во темно игло, како и одмор во полузатворен кревет со перничиња или релаксирање во скоро обична фотелја.