Дали е ова вистинско Ferrari?
Пред вас се наоѓа галерија од која јасно можеме да видиме дека сопственикот на една марка возило очајно сака да поседува Ferrari, па сега и поседува нешто што кое на прв поглед и личи на Ferrari.
Од самата „изработка“ можеме да заклучиме дека се работи за доста скап и комплициран процес од кој сопственикот на убаво Peugeot 406 Coupe направил и не толку убава реплика на Ferrari F430.
Најмногу зафркнал работа во ентериерот на кој се гледа дека не е посветено многу внимание, така што тоа и го издава „уметникот“.
Во однос на моторот немаме никакви информации, а самиот автомобил моментално се наоѓа на продажба во Виган, Англија, по цена од 7500 фунти или 9500 евра.