Новата најиграна компјутерска игра
Сите оние кои „на времето“ минувале десетици часови и денови играјќи ја ултра-познатата Кантер Страјк, можат да го разберат задоволството на непрекинато играње компјутерски игри.
Во прилог на тоа, според новата листа на DFC Intelligence, компанија која прави истражувања во играчката индустрија, новата најиграна компјутерска игра е League of Legends, далечен потомок на Warcraft III.
Според анализите направени во САД и Европа, играта е играна над 1,292,502,456 часови досега, а бројот сè уште расте. Играта почна да зима замав и во Кина каде моментално владее StarCraft II.
Еве како стојат и другите познати игри на листата:
Наслов |
Часови поминати во играње од јуни 2011 до јули 2012 година во Европа и САД
-->
-->
|
League of Legends
-->
|
1,292,502,456 |
World of Warcraft
-->
|
622,378,909 |
Minecraft |
371,635,651 |
Heroes of Newerth |
184,520,156 |
Diablo III |
172,907,605 |
Battlefield 3 |
171,852,550 |
MapleStory |
165,503,651 |
StarCraft II |
163,980,293 |
World Of Tanks |
145,702,931 |
Call of Duty: Modern Warfare 3 |
126,754,082 |