Вежби за мозокот со кои ќе го намалите ризикот од деменција

Играњето шах бара стратешко планирање и задржување на вниманието, при што ќе ви обезбеди сеопфатен ментален тренинг на целиот мозок. Добро е што можете да играјте шах и онлајн, при што слободното време може да го искористите за оваа ментална вежба. 

vezhbi-za-mozokot-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-rizikot-od-demencija-01.jpg

Исто како и нашите мускули, и мозокот треба да го тренираме и тоа секојдневно. Стресот, стареењето, неквалитетниот сон или нездравиот начин на живот на долг рок може негативно да влијаат на меморијата, вештините за решавање проблеми и целокупната когнитивна функција.

Затоа, важно е да вклучите вежби кои ќе ви помогнат на вашиот мозок да остане фокусиран и притоа со текот на времето да го намалите ризикот од деменција.

vezhbi-za-mozokot-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-rizikot-od-demencija-05.jpg

Неколку вежби што би требало да ги практикувате што е можно почесто:

Учење нов јазик

Учењето нов јазик може да ги подобри когнитивните функции и меморијата и да ги зајакне вештините за решавање проблеми.

Најлесно, за почеток може да почнете да користите апликации за учење или онлајн курсеви.

Активно читање и фаќање белешки

Кога читате, имајте навика да запишувате некои клучни точки, зашто со овој метод може да го изострите фокусот и да ја подобрите меморијата.

Играјте шах

Играњето шах бара стратешко планирање и задржување на вниманието, при што ќе ви обезбеди сеопфатен ментален тренинг на целиот мозок.

Добро е што можете да играјте шах и онлајн, па слободното време може да го искористите за оваа ментална вежба.

vezhbi-za-mozokot-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-rizikot-od-demencija-02.jpg

Решавање крстозбори

Крстозборите ќе ви помогнат да ја стимулирате вашата меморија, да го подобрите решавањето проблеми и да  стекнете општи знаења.

Учење нови вештини

Мозокот напредува со учење и размислување. Затоа, најдете време за стекнување нови вештини или хобија за кои имате страст, но не преоптеретувајте го мозокот со премногу области.

Играјте игри со карти

Играњето игри со карти може да ги подобри меморијата и вештините за размислување. Постојат многу игри за кои може да се одлучите и да го искористите слободното време.

vezhbi-za-mozokot-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-rizikot-od-demencija-03.jpg

Научете некој друг на некоја нова вештина

Откако ќе научите нова вештина, треба да ја вежбате. Ако го покажете тоа на некој друг, треба да го објасните концептот и да ги поправите сите грешки што ги правите.

Медитирајте

Секојдневната медитација може да го смири вашето тело, да го забави дишењето и да ги намали стресот и анксиозноста.

Но, дали знаевте дека исто така може да ја зголеми способноста на вашиот мозок да ги обработува информациите? Најдете мирно место, затворете ги очите и медитирајте барем пет минути дневно.

vezhbi-za-mozokot-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-rizikot-od-demencija-04.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...
6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
Трикови што ги користат крадците и измамниците низ популарните европски дестинации Лажни питачи, улични изведувачи – измамниците и крадците низ европските градови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg