Предупредувачки знаци дека сте пред нервен слом (и мора да преземете нешто)
Немате мотивација за ништо, а дури и најмалите проблеми ве тераат да плачете и да чувствувате гнев и фрустрација.
Иако таканаречениот нервен слом уште не е класифициран како ментално нарушување, сепак постои и предизвикува низа непријатни симптоми.
Нервниот слом е предизвикан од интензивен стрес, но и нетретирани ментални проблеми, како депресија и анксиозност.
Се карактеризира со чувства на безнадежност, страв, раздразливост, постојана грижа, но и проблеми со здравјето, како главоболка.
Пред да кулминира, нервниот слом предизвикува некои симптоми кои не треба да ги игнорирате.
Ако ги чувствувате, секогаш е добро да се консултирате со експерт кој ќе ви помогне да најдете решение.
Дел од предупредувачките знаци дека сте пред нервен слом:
Не можете да се справите ни со најмали проблеми
Штом ќе се јави некоја пречка, без разлика колку мала, ви се чини како да губите контрола.
И најмалите проблеми го гледате како катастрофа и ве разгневуваат ситници за кои сте свесни дека се безначајни.
Чувствувате физички и ментален замор
Без разлика колку спиете, секое утро се будите преморени.
Не можете да се натерате да станете од кревет и уште наутро едвај чекате да дојде ноќ и време за спиење.
Немате мотивација за ништо
Забележувате дека немате енергија, а ова трае извесен период.
Дури и кога станува збор за активности што ги сакате и хобија, никако не ви причинуваат задоволство.
Не можете да се натерате да направите нешто и забележувате дека не чувствувате страст кон ништо.
Одложувате обврски
Одењето на работа ви е вистинска тортура, а ги одложувате и домашните обврски.
Можеби ги прескокнувате и оброците, а ја запоставувате и личната хигиена.
Дури и што мразите што одложувате обврски, никако не можете да се натерате да ги завршите.
Имате проблеми со концентрацијата
Постојано мечтаете, мислите ви лутаат и не можете да се фокусирате на ништо.
Ви се чини дека мислите не ви се многу јасни и постојано правите грешки што обично умешно сте ги избегнувале.
Не чувствувате задоволство кога ќе завршите нешто
Постојано имате чувство дека она што го правите не е доволно и дури и кога ќе завршите нешто важно, кај вас нема никаков задоволство.
Се чувствувате како неуспешна личност и веќе немате ни светли погледи за иднината.
Чувствувате главоболка и проблеми со дигестијата
Константниот стрес може да се манифестира и физички.
Па, можеби чувствувате главоболки и проблеми со дигестијата и ви се чини дека и физичкото здравје не ви е во ред.
Плачете секој ден
И тоа, не плачете кога навистина има причина за тоа, туку речиси постојано чувствувате нагон за плачење.
И најмалите проблеми ве тераат да плачете и ова ви станало секојдневие.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





