Освежителни салати со лубеница

osvezitelni-salati-so-lubenica-01

Лубеницата е кралица на летните освежувања. За сите што уживаат во сочно црвено парче имаме три предлози за необични салатки совршени за овие жешки денови.

Салата со моцарела

osvezitelni-salati-so-lubenica-1

  • 150 - 200 грама диња
  • 150 - 200 грама лубеница
  • 100 - 200 грама моцарела
  • 1-2 лажици мед
  • малку ситно сецкан свеж босилек


Во длабока чинија ставете ги дињата и лубеницата исецкани на мали коцки и ситно сецканиот босилек, па добро измешајте.

Додадете мед врз овошјето и ставете ги топчињата моцарела пресечени на половинки или четвртинки.

По желба може да додадете и половина лажичка сол и/или 1-2 лажички чили/ситен буковец.


Кришки со нане

osvezitelni-salati-so-lubenica-2

  • Околу 2-3 kg лубеница
  • 4 лимони (или зелени лимони)
  • 120-150 g шеќер
  • листови нане
  • (Прилагодете ги количините по вкус)


Исечете ја лубеницата на кругови дебели 5cm, а секој круг на четвртини. Во длабока чинија ставете го сецканото нане и прелијте го со 2 лажици лимонов сок, додадете го шеќерот и добро мешајте.

Наредете ги кришките и врз нив исцедете 2 лимона. Попрскајте со смесата од нане и шеќер.


Лубеница со кромид

osvezitelni-salati-so-lubenica-3

  • 400-500 g лубеница
  • мала главица црвен кромид
  • 2 лажици урда или иситнето сирење
  • 2 мали лажички оцет (балсамико)
  • бибер
  • малку свежо нане


Лубеницата исечете ја на мали парчиња и обидете се да ги извадите сите семки. Лубеницата и кромидот промешајте ги во оцет и бибер, па попрскајте ги со тенко сечени парченца кромид, сирење и ливчиња нане по желба.

Би можело да ве интересира:

8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg