Замислете три желби и проверете дали ќе се исполнат

gledanje-na-karti-zamislete-tri-zelbi-i-proverete-dali-ke-se-ispolnat-povekjeУште како мали, сигурни сме дека сте имале обичај да си гледате на карти - на желби, на дечковци, на девојки... Со обични карти се играат многу игри...


...магионичарите ги користат за бројни трикови, но ако имате трпение и желба, тие може да ви откријат многу поединости поврзани со вашата судбина и иднината.

Ако во првиот ред има „Кец“ желбата ќе се исполни, ако има три „дворски“ карти една до друга, сосема е извесно дека нема да се исполни.

Уметноста за користење на карти за играње со цел претскажување на идните случувања се практикува уште од 18 век, иако постојат показатели дека корените се многу постари.

Повеќето окулисти се служат со сите техники - од наједноставни до најсложени - одбирајќи кој метод најмногу одговара на околностите. Сепак сите почнале од најчестото прашање во животот - дали ќе се исполни мојата желба?

За методата која ќе ви ја преставиме се користат 32 карти и затоа во шпилот оставете само кецови, кралеви, кралици, жандари, десетки, деветки, осмици и седумки.

Заинтересираната личност ги меша картите (32) додека размислува кои ќе и бидат трите желби, при тоа мислејќи го редоследот. Потоа картите дајте и ги на друга личност која ќе „пресече“ и ќе подели во три реда отворени карти. Првиот ред, кој и одговара на вашата прва желба, содржи три карти, вториот ред има пет карти, а третиот седум карти.


Прв ред

Ако во првиот ред има „кец“ желбата ќе се исполни. Ако во редот има три „дворски“ карти, сосема е сигурно дека желбата нема да се исполни. Ако не е ниту едно ниту друго, соберете ја нумеричката вредност на првиот ред (три карти), сметајќи: крал -13, кралица -12, жандар -11, „кец“ - 1. Што е помал збирот, поголема е веројатноста дека желбата ќе се исполни.

Желбата ќе се исполни ако збирот на картите е помал од 28.


Втор ред

Ако во вториот ред кој содржи пет карти има два „кеца“ или еден „кец“ и седумка, желбата ќе се исполни. Колку е помал збирот, толку е поголема веројатноста дека желбата ќе се исполни. Од прилика желбата ќе се исполни ако збирот е помал од 44.


Трет ред

Ако во третиот ред, кој содржи седум карти, има два „кеца“, желбата ќе се исполни. Ако редот содржи шест или седум “дворски карти“, желбата сигурно нема да се исполни. Желбата ќе се исполни ако збирот на картите во третиот ред е помал од 63.

Проверете и споделете! 

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
7 начини на кои несвесно се повредувате самите Дали се лажете себеси дека сте среќни и не си признавате дека нешто ви пречи? Со...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието Не праќајте гласовни пораки, а кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg