7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас

Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост со луѓето, а дека пцуењето ја намалува физичката болка?

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-01.jpg

Луѓето имаат многу лоши навики. Но, некои од нив не се толку штетни за вас, напротив, дури се и полезни во некои аспекти.

Кои се придобивките од лошите навики?

Џвакањето мастика ги подобрува когнитивните функции и го намалува нивото на стрес

Серија експерименти направени на одделот за психологија на Универзитетот Сент Лоренс во Њујорк, покажале дека лицата кои џвакале мастика 5 минути пред почетокот на когнитивните тестови, покажале подобри резултати.

Друга студија, пак, покажала дека џвакањето мастика го редуцира нивото на стрес, но само кога станува збор за поблаги видови стрес.

Кога станува збор за фрустрации или страв, тогаш мастиката немала никакво влијание.

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-03.jpg

Премногу често туширање со жешка вода

Премногу честото туширање со жешка вода и многу сапун или гел за туширање, влијае негативно на телото.

Секако, ова не значи дека треба да се капете еднаш неделно, туку дека можете да смените некои навики.

За почеток, жешката вода заменете ја со млака или топла. Обидете се и да поминете што е помалку време под тушот, односно да се туширате побрзо.

Дерматолозите препорачуваат да не користите премногу сапун или гел за туширање (туку мала количина) и со него да поминете преку деловите кои испуштаат посилни мириси - пазувите, стапалата, гениталиите.

Тие тврдат дека кожата е способна да се чисти самата, па за да не ја сушите, понекогаш е препорачливо нозете, рацете, грбот и градите да ги поминете само со топла вода, без средство за капење.

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-07_copy.jpg

Тресењето на нозете додека седите троши калории

Студија која е направена од страна на Mayo Clinic покажала дека импулсивното мрдање на нозете, моментите кога го мрдате телото оти „не ве држи место“ или слични движења со рацете и нозете со кои најчесто покажувате знаци на нервоза, сепак имаат позитивно влијание на организмот.

Тие, всушност, се еден вид на мали вежби и трошат калории.

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-08_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg