7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас

Озборувањето создава блиска врска меѓу луѓето

Озборувањето е добро за вас, бидејќи создава блиска врска меѓу вас и пријателите, колегите, семејството...

Едно испитување покажало дека кога озборувате, се зголемува нивното на окситоцин, таканаречениот „љубовен хормон“ кој го ширите околу себе и со тоа делувате попривлечно за околината.

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-02_copy.jpg

Видеата со животни ве прават попродуктивни

Испитувачите во Јапонија заклучиле дека луѓето кои гледаат видеа или фотографии од слатки, мали животни (пред сè мачки) стануваат попродуктивни.

Дополнително, потсвесната желба да им помогнете на малите животни се врзува и со емпатијата, односно, добивате желба да им помогнете и на колегите на работа.

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-04.jpg

Активниот одмор ви помага да завршите повеќе работи

Излежувањето може да биде многу полезно, ако додека лежите во креветот правите и нешто друго.

На пример, некогаш додека се излежувате сакате да прочитате неколку страници од книга, а друг пат само гледате во телефонот и добивате идеи за некои идни деловни проекти, за уредување на домот, каква фризура да направите, што да јадете и слично.

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-05_copy.jpg

Пцуењето ја намалува болката

Пцуењето ја зголемува толеранцијата на физичка болка и на работата на срцето, во споредба кога ќе почувствувате физичка болка и ќе премолчите, иако ви доаѓа да опцуете.

Сепак, ако премногу често пцуете, овие зборови нема да имаат никакво влијание на болката.

Теоријата вели дека пцуењето е всушност емоционален одговор на физичката болка.

7-loshi-naviki-koi-se-vsushnost-dobri-za-vas-06_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg