5 девојки - живи кукли
Иако играњето со кукли е сосема нормална фаза во животот, просечните девојчиња порано или покасно ја израснуваат оваа фаза и продолжуваат понатаму.
Од друга страна, постојат девојки кои од разни причини прават се и сешто за да личат на своите омилени кукли или барбики.
Ова се неколкуте најпознати живи кукли:
1. Дакота Роуз е вистинското име на 16 годишната девојка позната по уметничкото име КотаКоти. Нејзината неверојатна сличност со Барби ја направи популарна во Кина и Јапонија.
2. Венус Палермо е 15 годишната девојка за која куклите се многу повеќе од детски играчки. Таа се прослави со видео водичите за убавина поставени на YouTube за оние кои сакаат да изгледаат како неа.
3. Алодија Госиенгфао е наградувана како модел на Филипините, а денес 18 годишната девојка е сопственичка на агенција која регрутира нови модели – „живи кукли“.
4. Ванх Џиајун популарноста ја стекнала во Јужна Кореја каде нејзините обожаватели полуделе по нејзиниот изглед како кукла на дување. Висока е 164cm и тежи само 42 килограми. Нејзиното име е редовно на листата на најбарани поими на Google во Кореја.
5. Шарлот Хотман иако има 24 години е опседната со Барби и потрошила 20 илјади долари на пластична хирургија – операција на носот, колаген во усните и пресадување на коса само за да личи на Барби.