4 негативни особини кои луѓето всушност ги сакаат кај вас

Вашата трапавост за некого е симпатична - кои други особини кои генерално се сметаат за недостатоци, всушност луѓето може да ги сакаат кај вас?

4-negativni-osobini-koi-lugjeto-vsushnost-gi-sakaat-kaj-vas-01.jpg

Постојат некои карактерни особини кои важат за лоши и многумина ги гледаат како нечии маани.

Но, многумина, меѓу кои и психолози, би се согласиле дека некои такви особини, всушност ги прават луѓето посимпатични и допадливи.

Секако, не сите се позитивни и не кај секого имаат исто влијание, но многумина ги сакаат.

Во продолжение некои од нив:

Претерана искреност

Претераното фалење и зборување за себе може да влијае фрустрирачки кај опкружувањето.

Но од друга страна, постепеното отворање и зборување за себе, може да создаде поблиска врска со нови контакти и да стекнете поголема доверба.

4-negativni-osobini-koi-lugjeto-vsushnost-gi-sakaat-kaj-vas-04.jpg

Трапавост

Иако никој не би ви кажал браво ако постојано нешто ви паѓа, кршите, се удирате и слично, сепак трапавоста може да биде симпатична за повеќето.

Многумина ја сакаат оваа особина – особено момците кај девојките, тоа им помага да се чувствуваат подобро за своите маани.

4-negativni-osobini-koi-lugjeto-vsushnost-gi-sakaat-kaj-vas-02.jpg

Озборување

Иако важи за лоша карактеристика, сепак многумина сакаат кога ќе најдат некој со кого може да си ги споделат мислењата.

Тоа прави да се чувствуваат поблиски со вас како да сте „вие против сите“, но и зборувањето за туѓите недостатоци прави да се чувствуваат подобро за себе.

Сепак, тоа треба да биде во граници на нормала и без лоши намери кон некого.

4-negativni-osobini-koi-lugjeto-vsushnost-gi-sakaat-kaj-vas-05.jpg

Срамежливост

На многумина, поцрвенувањето и видливите знаци на блага срамежливост им се симпатични и привлечни кај другите луѓе.

4-negativni-osobini-koi-lugjeto-vsushnost-gi-sakaat-kaj-vas.jpg 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg