10 начини да ја поправите самодовербата
Самодовербата е она што ќе направи разлика помеѓу чувството дека сте незапирливи и стравот од сопствената сенка. Во поголем број од случаите...
...перцепцијата е реалност – колку повеќе самодоверба имате, толку ви се поголеми шансите за успех.
Ова се неколку работи кои треба секогаш да ги имате на ум:
1. Облеката не го прави човекот, но влијае на начинот на кој другите го перцепираат и доживуваат.
2. Забрзајте го одењето. Енергичен од ќе внесе енергија во вашиот живот.
3. Држете се исправено. Вовлечете го стомакот и исправете го грбот.
4. Секогаш мотивирајте се со пофалби.
5. Честитајте си себе си на успесите и бидете благодарни на она што го имате.
6. Давајте им комплименти и на другите.
7. Секогаш седете во првите редови.
8. Охрабрете се да го кажете сопственото мислење.
9. Вежбајте. Во здраво тело, здрав дух.
10. Своите желби ставајте ги во втор план и сконцентрирајте се да придонесете на заедницата во која живеете (партнерска, семејна, бизнис, друштвена...)