13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи

Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стокатници... Кои работи може да се видат во Дубаи, а често за нив не се зборува во туристичките брошури и текстови?

13-interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-samo-vo-dubai-01.jpg

Дубаи е најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати и со години наназад е меѓу омилените туристички дестинации за инфлуенсерите од цел свет.

Често се вели дека ова е град каде што се спојуваат традицијата и модерната технологија, па во продолжение издвојуваме некои интересни факти и работи што можете да ги видите само таму и никаде на друго мeсто.

Првата земја која произведува вода збогатена со Витамин Д

Иако ни се чини дека во Дубаи нема недостаток од сонце, сепак огромен број од населението, или околу 78 отсто страда од недостаток на витамин Д.

Затоа Дубаи е првата земја во светот која почна да произведува вода збогатена со витамин Д.

17-interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-samo-vo-dubai-02.jpg

Голем број од кулите се полупразни

Јасно е дека Дубаи е меѓу најбрзорастечките градови во светот, но интересно е што големиот број висококатници по коишто градот е препознатлив, се полупразни.

Голем број од луѓето, поседуваат станови во овие згради, кои се наменети за периодот кога престојуваат таму, но во текот на годината живеат на друго место.

17-interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-samo-vo-dubai-03.jpg

За време на периодот кога масовно почнаа да се градат зградите, во Дубаи имаше околу 25 отсто од сите кранови во светот.

17-interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-samo-vo-dubai-04.jpg

Локалните возови немаат возачи

Надземното метро во Дубаи отпочна со работа во 2009-та година и интересно е што сите возови се автоматски и без возачи.

Сѐ до 2016-та година ова беше најдолгата мрежа на метро возови без возачи.

17-interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-samo-vo-dubai-05.jpg

Во периодот на најтоплите месеци во годината, кога температурите достигнуваат и до 45 степени Целзиусови, жителите може да чекаат превоз во климатизирани автобуски станици, каде што има бесплатен интернет.

17-interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-samo-vo-dubai-06.jpg

Низ улиците нa Дубаи, често може да се видат пауни. Постојат дури и сообраќајни знаци кои ги предупредуваат возачите да ја намалат брзината затоа што е можно да им излезе ваква птица.

17-interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-samo-vo-dubai-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg