13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи
Во Дубаи има мобилни бензински пумпи, кои ви доставуваат гориво во секое време и насекаде.
Полицијата вози луксузни автомобили
Bugatti Veyron, Ferrari, Rolls-Royce, Bentley, Lamborghini... Ова се само некои од автомобилите во кои се возат полицајците низ Дубаи, додека патролираат низ градот.
Dubai Mall е толку голем што внатре можете да земете такси
Ова е вториот најголем мол во светот и се протега на површина од над 500.000 метри квадратни.
Во 2011-та година беше најпосетената градба во светот, а за да не се изморите додека шетате низ продавниците можете да фатите такси.
Има автомати за злато
Не за џабе, Дубаи го нарекуваат „градот на златото“. Во него има најмалку 400 продавачи кои тргуваат со накит, па затоа воопшто не зачудува фактот што постојат автомати каде што може да се купат златни плочки.
Во неколку денови во годината Дубаи е прекриен во магла. Тогаш градот изгледа вака:
Дубаи е преполн со напуштени луксузни автомобили
На социјалните мрежи често има фотографии од напуштени луксузни возила оставени на паркинзи.
Најчесто ова се возила на луѓето што премногу се задолжиле и морале да побегнат од земјата, или на кои им биле одземени затоа што казните кои им биле напишани од полицијата ја надминуваат вредноста на автомобилите.
Понекогаш на свадбите невестите носат традиционален накит на главата изработен од сребро.
Б. С. Б. | Црнобело