Запознајте ги најстарите младенци на светот
Кога Лилен Хартли (95) и Алан Маркс (98) ги разменија брачните завети минатиот викенд, несвесно станаа најстариот нововенчан пар на светот. Збирот на нивните...
...години e 193, со што го надминаа досегашниот рекорд од двојката која заедно имале 191 година.
Тие се запознае пред 18 години во храмот Јом Кипур во Палм Спрингс. Тој и рекол дека има убав фустан и од тогаш нивната љубов постојано цвета.
„Верувам во судбина и мислам дека нас ни било судено“ – изјавила Хартли за ABC news. „Бев вдовица 6 години и сакав само да сум слободна. Велев дека не сакам врска, а тогаш се појави тој“.
Наскоро почнале да се гледаат и да живат заедно. Во текот на годините зборувале за брак, но сега конечно нашле и време.
„Не знаеме што ќе се случи во иднина, така што не сакам да ризикувам. Сакам да бидам со Алан до крајот на живото“ – изјавила 95 годишната невеста, а со истото се сложува и нејзиниот 98 годишен сопруг Алан.