Како од филм за Џејмс Бонд: Луди шпионски оружја од Студената војна
Пиштол скриен во кармин, уред за прислушување во форма на инсект – за време на Студената војна, ЦИА и КГБ биле навистина креативни со нивните шпионски оружја.
Студената војна е период на зголемени тензии помеѓу САД и Советскиот Сојуз (СССР) кој траел од 9145 до 1991 година.
Периодот е нарекуван „студена војна“ бидејќи немало отворен воен конфликт меѓу двете земји, но затоа, пак, шпионажата цутела.
И САД и СССР се шпионирале една со друга, а нивните разузнавачки агенции – ЦИА и КГБ – станувале сè покреативни со опремата за шпионирање.
Кога се во прашање шпиони и тајни агенти, прво помислуваме на Џејмс Бонд, а популарниот лик и настаните во книгите (и филмовите) се инспирирани токму од Студената војна.
Па, можеби не е ни чудно што шпионските алатки и оружја делуваат како излезени од филм за најпознатиот таен агент.
Дел од најлудите оружја од Студената војна што се изложени во Меѓународниот музеј за шпионажа:
Пиштол скриен во кармин
Очила со скриена пилула со цијанид, во случај агентот да биде фатен за да може брзо да изврши самоубиство
Пиштол со кој се истрелува стрела полна со токсин кој предизвикува инфаркт
„Инсектокоптер“ – минијатурен уред за прислушување во форма инсект
Чадор со скриена игла преку која се вбризгува отров
Пиштол скриен во ракавица
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





