Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затворат до 2011-та
Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и сведоштва за насилството што го трпеле децата кои биле затворани таму. Жртвите биле камшикувани, силувани, па и убивани, но властите решиле да го затворат дури во 2011 година, најмногу поради притисок од јавноста.
Nickel Boys е еден од филмовите кои се номинирани за Оскар во главната категорија.
Главниот лик е млад дечко кој е затворен во поправен дом каде тепањето и малтретирањето од секаков вид се секојдневие.
Филмот е снимен според книга која, пак, е инспирирана од вистински поправен дом каде повеќе од еден век, децата биле свирепо малтретирани, па и убивани.
Домот, поточно училиштето го носело името Артур Г. Дозиер и се наоѓало во Флорида, а работело од 1900 до 2011 година.
Што сè се случувало во установата и како конечно била затворена?
Училиштето почнало со работа во 1900 година, како државна поправна установа во Флорида.
Уште на почетокот имало сомнителни смртни случаи на момчињата кои биле испраќани таму, па во првите десет години од отворањето, во училиштето биле спроведени шест различни истраги.
Според извештај од 1903 година, децата биле држени во окови.
Некои деца, пак, не издржувале ни еден месец откако пристигнувале во училиштето.
До 1960-тите не се променило скоро ништо, но по посета на гувернерот на Флорида, јавноста почнала да дознава за лошите услови.
Тој период, во домот биле сместени над 500 момчиња, на возраст од 10 до 16 години, и живееле во мизерни услови.
Некои од децата „издржувале“ казни и за безначајни „злодела“, како бегање од дома.
Но, тоа не било доволно да бидат спасени од тепање и малтретирање.
Бројот на смртни случаи постојано се зголемувал, а доста често вработените не ни воделе евиденција за тоа кое дете починало.
Некогаш телото им го враќале на родителите, понекогаш и само ги закопувале на имотот на училиштето.
Во 1982 година била отворена нова истрага според која децата во училиштето биле врзувани и оставани во самица, некогаш и по неколку недели.
Овој период почнале да се огласуваат и мажи кои извесен период живееле во домот.
Според нив, чуварите редовно ги малтретирале, а најчесто ги казнувале така што им ставале лисици на рацете и ги закачувале на шипки на таванот за да висат.
И, ги оставале така со часови.
Изговорот на чуварите бил дека методот за казнување им бил кажан од надредените.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113659_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108348_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114328_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114657_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108711_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114655_400.jpg)