10 производи на TEMU кои се толку луди што ќе посакате да ги купите (иако не ви требаат)
Капа од полиестер за сушење коса
Овој производ чини 145 денари, се препорачува и за луѓето со виткана и за оние со рамна коса.
Со него косата, наводно, се суши побрзо.
И иако се користи фен, тој се става во цревото на капата, па топлиот воздух од фенот не доаѓа директно на косата и не ја оштетува.
Чадор за собирање коса при потстрижување
Чини само 120 денари и од него се продадени преку 100.000 парчиња.
Овој чадор се става околу вратот на тој што се потстрижува, а косата наместо на подот, паѓа внатре во чадорот.
Метален украс крава
Според продавачот, овој украс - крава која ѕирка, е соодветен и за внатрешно и за надворешно декорирање.
Висок е околу 30cm, а може да се постави и на ограда, и на самата куќа, но и внатре во некоја просторија.
Може да се најде за 468 денари, а има преку 6.300 продадени производи.
Лед светилка за тоалетна школка
Ова лед светло доаѓа во 16 различни нијанси, а се пали на сензор.
Се поставува во внатрешноста на тоалетната школка.
Чини само 182 денари, а има преку 84.000 продадени парчиња.
Гумена капа со чашки
За љубителите на друштвени игри, на страницата на TEMU се продава и гумена капа со пластични чашки.
Целта на оваа „игра со пиење“ е да пиете алкохол на екс, ако противникот со пинг-понг топче успее да погоди во некоја од чашките.
Капата чини 351 денар и има преку 4.400 продадени парчиња.
Прочитајте и Ми стигна првата нарачка од TEMU, ја чекав до Скопје 3 недели - Што очекував, а што добив?
А. Ј. | Црнобело