Се запознале додека биле заглавени во воз во Белград: Филмската љубовна приказна на Швеѓанка и Шкотланѓанец
Дерек, Нина и нивните пријатели поминале неколку дена во истражување на островот.
А, Нина вели дека Дерек сè повеќе ѝ се допаѓал.
Нина и Дерек прославуваат годишнина од брак
Една ноќ споделиле и бакнеж, но им било јасно дека наскоро и двајцата ќе си одат – Нина во Шведска, а Дерек во Шкотска.
„Си заминавме, а јас не побарав ни адреса ни телефонски број од Дерек.
Но, една од моите пријателки видела искра меѓу нас, па таа му ја побарала адресата“.
Нина веднаш му напишала писмо, му испратила и разгледница, а кога Дерек ѝ вратил, почнале да се допишуваат.
Велат, писмата не биле романтични, но и двајцата биле пресреќни што се во контакт.
Следното лето, во 1991 година, Нина одлучила да оди во Шкотска и да го посети Дерек.
На почетокот и на двајцата не им било јасно дали ќе бидат само пријатели, но Дерек ја поканил Нина на свадбата на брат му.
„Нина дојде на свадбата и го запозна целото мое семејство. Мајка ми, пак, ја претставуваше како моја девојка“.
На почетокот Нина ја коригирала мајка му на Дерек, но по некое време престанала. И, тогаш двајцата се убедиле дека сепак се пар.
Дерек со Нина на свадбата на брат му
Неколку месеци подоцна, Дерек отишол во Шкотска каде што го запознал семејство на Нина.
Откако се вратил дома, со Нина се договориле дека ќе имаат врска на далечина.
По три години заедно, почнале да разговараат за заеднички живот, па откако Дерек ѝ предложил да одат во Лондон, Нина се согласила.
По некое време, тие се венчале во Шкотска.
Денот на нивната венчавка
Добиле три деца, а живееле и во Лондон, и во Шкотска, па и во Шведска.
Моментално тие се во Шведска, а велат дека до денес сакаат да патуваат, најмногу со воз, како на денот кога се запознале.
Спирова С. | Црнобело