Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се запознале додека биле заглавени во воз во Белград: Филмската љубовна приказна на Швеѓанка и Шкотланѓанец

Нина и Дерек се запознале во 1990-та, на воз кој два дена бил заглавен на станица во Белград поради штрајк. Оттаму, поминале неколку дена во Грција, а кога се вратиле во родните земји не престанале да се допишуваат. Денес тие се во среќен брак и нивната љубовна приказна е како на филм.

se-zapoznale-dodeka-bile-zaglaveni-vo-voz-vo-belgrad-filmskata-ljubovna-prikazna-na-shvegjanka-i-shkotlangjanec-01.jpg

Нина Андерсон од Шведска и Дерек Баркли од Шкотска се запознале во 1990-та, несвесни дека нивната средба ќе прерасне во убава, филмска љубовна приказна.

Кога првпат се сретнале, биле во своите рани 20-ти, а денес се во среќен брак и ја споделуваат нивната приказна за CNN.

Во 1990-та, тогаш 20-годишната Нина и нејзината пријателка Лоа биле на патување со воз од Будимпешта до Атина.

Патувањето требало да трае околу четири дена.

Од Будимпешта до Белград патувале со еден воз, а во престолнината на Србија требало да се качат во друг и да го продолжат патувањето до Атина.

Во вториот воз, Нина и Лоа успеале да си зафатат купе и мислеле дека ќе бидат сами, кога на вратата затропале три момчиња на иста возраст како нив.

„Кога затропаа, од вратата се појавија три глави – беа Англичанец, Шкотланѓанец и Ирец, како да почнува некој виц“, раскажува Нина.

se-zapoznale-dodeka-bile-zaglaveni-vo-voz-vo-belgrad-filmskata-ljubovna-prikazna-na-nina-od-shvedska-i-derek-od-shkotska-03.JPGНина, Лоа и две од трите момчиња

Момчињата им кажале дека едвај го фатиле возот и ги замолиле да седат во нивното купе.

Нина вели дека иако сите тројца биле мошне фини, Шкотланаѓнецот Дерек најмногу ѝ го привлекол вниманието.

„Ми се допадна бидејќи беше директен, но не и неучтив. Делуваше поразлично од неговите пријатели и ми изгледаше како интересна личност“.

Петте патници во купето разговарале долг период, пред да сфатат дека возот воопшто не се поместил.

И, тогаш дознале дека работниците штрајкуваат и дека е неизвесно колку долго возот ќе стои на станицата.

Дерек раскажува дека иако се запознале во купето, тој веќе ја забележал Нина на железничката станица во Будимпешта и му го привлекла вниманието.

Дури сакал и да ѝ пријде, но оттаму се качил во друг воз за Белград.

„Заспавме во првиот воз и со трчање излеговме да ја фатиме линијата до Атина“, се присетува Дерек.

se-zapoznale-dodeka-bile-zaglaveni-vo-voz-vo-belgrad-filmskata-ljubovna-prikazna-na-nina-od-shvedska-i-derek-od-shkotska-02.JPGНина и Дерек во 1990-тите

Иако возот стоел во место, петте патници со купето си поминувале одлично.

Споделувале животни приказни, се шегувале и си ја делеле храната што ја носеле со себе.

Тие останале во возот цели два дена во кои Нина и Дерек навистина се зближиле.

Конечно, возот тргнал, но како што се доближил до грчката граница застанал и на патниците им рекле да се симнат.

„Беше страшно бидејќи се сеќавам дека беше ноќ и не знаевме што се случува.

Само ни рекоа да излеземе од возот и нè упатија кон автобуска станица. А, на станицата требаше да се бориме за место во автобусот“, раскажува Нина.

se-zapoznale-dodeka-bile-zaglaveni-vo-voz-vo-belgrad-filmskata-ljubovna-prikazna-na-nina-od-shvedska-i-derek-od-shkotska-04.JPGНина и Дерек во 1990-тите

Нина, Лоа и трите момчиња одлучиле да го продолжат патот до Атина како група бидејќи веќе се зближиле.

Кога стигнале во Атина, Нина и Дерек требало да се разделат – таа и Лоа фатиле брод до островот Егина, каде што биле договорени да се сретнат со пријатели од Шведска.

Раскажувајќи за CNN, и Нина и Дерек велат дека биле тажни за разделбата бидејќи не очекувале некогаш повторно да се сретнат.

Сепак, бидејќи немале конкретни планови, по три дена во Атина, Дерек и пријателите решиле и тие да одат на островот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дел од морничавите случаи кои ја инспирирале серијата Adolescence: Тинејџер избодел девојче заради в... Креаторите на Adolescence решиле да ја снимат серијата бидејќи изминатава децени...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg