Како да се справите со стресот за време на празниците (без да полудите)?

Грижата за себе нека ви биде приоритет и избегнувајте разговори и ситуации кои знаете дека можат да доведат до конфликт.

kako-da-se-spravite-so-stresot-za-vreme-na-praznicite-bez-da-poludite-01.jpg

Колку и да ја сакаме празничната сезона, мора да признаеме дека може да биде и прилично стресна.

Во детските и тинејџерските години можеби не го забележуваме ова, но како што растеме, сфаќаме дека стресот е неизбежен во пресрет на Нова година, Божиќ и сите слави што ги има периодов.

Како полесно да се справите со празничниот стрес и да уживате во сезоната?

Бидете реалистични со очекувањата

Добро размислете за колку прослави и подготовки ќе имате време и енергија и бидете реалистични.

Ако сакате да поканите некој на гости, но не сте сигурни дали ќе успеете да бидете домаќин на многу луѓе, тогаш намалете го бројот и поканете ги само најблиските.

Ако не можете да пристигнете на сите прослави и забави, учтиво одбијте неколку.

Не мора да се присилувате да ги задоволите потребите на сите и на крај да не почувствувате ништо од празничната магија, туку само замор и стрес.

Грижата за себе нека ви биде приоритет

Нема да бидете пријатна личност за другите ако сте преморени и под стрес.

Па, во целиот хаос не заборавајте да најдете време за себе и прво да ги задоволите вашите потреби, пред да се фокусирате на другите.

kako-da-se-spravite-so-stresot-za-vreme-na-praznicite-bez-da-poludite-02.jpg

Немојте да трошите премногу

Ако финансиски не сте во најдобра состојба, не мора да заглавувате во долгови само затоа што се празници.

Држете се до вашите можности кога станува збор за купување подароци, украсување на домот, собирање гости…

Зошто да си создавате непотребен стрес и грижи кои ќе траат многу подолго од празниците?

Не зборувајте за стари семејни проблеми

Кога ќе се соберат повеќе членови на поширокото семејство, можно е да се јави тензија.

Во ваквите мигови, по секоја цена избегнувајте ризични теми на разговор.

Дури и ако некој инсистира или ви поставува непријатни прашања, само променете ја темата на разговор и не трошете енергија.

kako-da-se-spravite-so-stresot-za-vreme-na-praznicite-bez-da-poludite-03.jpg

Поставете здрави граници

Ако, на пример, секој собир со одредени членови на семејството завршува со караници, тогаш годинава одбијте ја поканата или одете си порано дома.

Генерално, избегнувајте сè и секого што ви создава стрес и непотребни грижи бидејќи вашето ментално здравје треба да ви биде најважно.

Фокусирајте се на она што вам ве прави среќни

Празниците се период на радост, а ова важи и за вас.

Поминете ја празничната сезона со оние што сакате и на место каде што вие се чувствувате удобно.

Опкружете се со луѓе кои вистински ве сакаат и ценат и сигурно ќе си поминете одлично.

kako-da-se-spravite-so-stresot-za-vreme-na-praznicite-bez-da-poludite-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg