Афера со вработен на Доналд, користи двојничка: Најлудите шпекулации за Меланија Трамп
Меланија и Доналд не се согласуваат за апсолутно ништо
Бракот на Доналд и Меланија постојано е анализиран од јавноста, а некои извори тврдат дека тие постојано се караат и не се согласуваат за ништо.
Од уредувањето на домот и што ќе гледаат на телевизија, до важни животни прашањата – изворите велат дека меѓу нив нема никаква хармонија.
Овие гласини ги имаат потврдено и луѓе кои работел во Белата куќа кои велат дека неретко сведочеле на караниците.
Сепак, Доналд и Меланија ги негираат и истакнуваат дека нивниот однос е прекрасен.
Меланија мрази што повторно треба да живее во Белата куќа
Иако делува како да сака да биде позната, и самиот Доналд има изјавено дека неговата сопруга е мошне затворена личност.
Некои, пак, ја критикуваа дека не се ангажирала како останатите први дами на САД.
Наводно, причината за ова било што таа ја мразела титулата прва дама и неретко откажувала покани од настани.
Истовремено, воопшто не го сакала животот во Белата куќа и не била среќна што повторно ќе се врати таму.
Бројни гласини за пластични операции
Како секоја славна личност, и лицето на Меланија постојано е „под лупа“, а многу пластични хирурзи се убедени дека има направено некои корекции.
Според изјавите на некои хирурзи, Меланија веројатно има направено операција на носот, можно е да има импланти на образите, како и дека несомнено користи филери или ботокс.
Меланија, од друга страна, стои на ставот дека е природна и дека добриот изглед се должи на здравиот животен стил и добрата нега на кожата.
„Лажната Меланија“
Една од најпопуларните теории на заговор поврзани со Меланија Трамп е позната како „лажната Меланија“.
Според оваа теорија, Меланија има двојничка која наместо неа го придржува Трамп на настани.
И, ова теорија се надополнува со гласините дека таа ги мрази должностите што ги добива како прва дама.
Низ годините се појавија и неколку фотки на кои Меланија делува малку поразлично, но веројатно поради големие очила за сонце и аголот од којшто е фотографирана.
Спирова С. | Црнобело