Афера со вработен на Доналд, користи двојничка: Најлудите шпекулации за Меланија Трамп
Една од најпознатите теории на заговор за Меланија е дека користи двојничка бидејќи не сака да оди на настани и ја мрази титулата „прва дама на САД“.
Откако Доналд Трамп првпат беше избран за претседател, јавноста почна да „копа“ по минатото на неговата сопруга Меланија Трамп, а низ годините се појавија секакви шпекулации за неа.
Додека дел звучат само како луди озборувања, некои сепак можеби и не се далеку од вистината.
Дел од најлудите гласини за Меланија Трамп:
Поважен ѝ е предбрачниот договор од бракот со Доналд
Низ годините, многу извори тврделе дека на Меланија многу поважно ѝ е она што ѝ следува од бракот со Доналд отколку самиот брак.
Главен фокус во сето ова ѝ бил синот Барон.
Овие шпекулации се спомнати и во неколку книги за првата дама.
Наводно, во 2017-та, Меланија не сакала да се всели во Белата куќа сè додека не биле направени саканите измени во предбрачниот договор.
„Меланија сакаше пишан доказ дека кога станува збор за финансиски можности и наследство, син ѝ Барон ќе биде еднакво третиран како постарите деца на Доналд“.
Меланија ги негираше гласините, но друг извор излезе со тврдење дека почнала да се заканува и со развод ако не ѝ биде исполнето барањето.
Имала афера со вработен на Доналд Трамп
На почетокот на првиот мандат на Доналд, се појавија и други шпекулации за тоа зошто Меланија не замина веднаш во Белата куќа.
Таа велеше дека сака да го почека син ѝ Барон да заврши со школската година во Њујорк.
Но, некои извори велат дека имала афера со вработен во Trump Tower, па сакала време да стави крај на врската.
По некое време гласините стивнаа, но повторно се појавија во 2019-та откако извор кој наводно се познавал со Меланија изјави дека таа живеела со љубовникот пред да се пресели во Белата куќа.
Сепак, освен зборувања, нема никаков доказ дека Меланија имала каква било афера.
Гласини за афера и со Џастин Трудо
Уште едно тврдење за наводна афера на Меланија, овој пат со премиерот на Канада.
Гласините се разгореа во 2019 година, кога Меланија и Доналд присуствуваат на самит, каде што го сретнаа Трудо.
Поради начинот на којшто се поздравија Меланија и Трудо, јавноста почна да зборува за нивна наводна афера.
Сепак, и ова најверојатно се само „празни“ зборувања бидејќи нема никаков доказ што ги поткрепува.