Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале
Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погребот на Били Холидеј платил богат обожавател, бидејќи таа имала само 70 центи во банка.
Неретко мислиме дека штом некој во банка има милиони, тогаш е обезбеден за цел живот.
Но, факт е дека како што се зголемува приходот, се зголемуваат и желбите на луѓето, па некои успеваат да потрошат стотици милиони и да останат без „скршен денар“.
Всушност, бројни славни луѓе изгубиле голем дел од богатството и умреле или без пари, или заглавени во долгови.
Дел од нив во продолжение:
Били Холидеј
Били Холидеј, која се прослави во 1930-тите, до денес важи за една од најпознатите и најдобрите џез пејачки.
Но, и покрај славата и кариерата која ѝ донела огромно богатство, Били останала без ништо на крајот од животот.
Тоа што живеела во време кога расизмот бил норма, но и нејзината зависност од дрога и алкохол, било причина да изгуби сè.
Били почина на само 44 години од цироза, а наводно тогаш во банка имала само 70 центи.
Исто така, според некои извори, во домот имала скриено околу 750 долари и тоа биле сите пари што ги поседувала.
Бидејќи немала пари, трошоците за погребот ги покрил нејзин богат фан.
Џуди Гарланд
Џуди Гарланд стана една од најпознатите холивудски актерки на само 16-годишна возраст.
Нејзината кариера траеше неколку децении, но приватно Џуди имаше проблеми со зависност и менталното здравје.
Таа почина на 47-годишна возраст од предозирање, а на денот на смртта имала долг од околу 4 милиони поради неплатен данок.
Кратко по смртта, нејзината куќа била преземена од надлежните како надомест за долгот.
Вероника Лејк
Уште една актерка од „златната ера“ на Холивуд која и покрај славата, умрела во сиромаштија.
Вероника Лејк имала проблеми со алкохолизам, но се борела и со шизофренија.
Во 1950-тите ја изгубила куќата бидејќи не плаќала данок, па со сопругот банкротирале.
Последните години од животот Вероника работела како келнерка, а кога починала, на 50-годишна возраст, воопшто немала пари.