Го завршиле животот гушнати, еден покрај друг

go-zavrsile-zivotot-gusnati-eden-pokraj-drug-povekjeДрагослав (89) и Верица (87) Јеремиќ, стара нераздвојна двојка која сите ја познавале во Крагујевац, соседна Србија, починале минатиот викенд...


...на ист ден, а најдени се како лежат гушнати образ до образ во својот стан.

Комшиите раскажуваат дека тие немале деца, а и не се дружеле многу со другите затоа што за неа и него постоел само партнерот. Останатите ги знаат како старецот со долг капут и бабата која оди секогаш потпрена на неговата рака. Последните месеци Драгослав се шетал сам затоа што Верица била болна.

Таа починала од срце, а сопругот бил пронајден легнат до неа со лицето потпрено на нејзиното. Најверојатно пробал да и помогне кога паднала. Не успеал и паднал покрај неа. Се претпоставува дека од шок и тага и тој починал од срце.

go-zavrsile-zivotot-gusnati-eden-pokraj-drug

Нераскинлива е врската која постои меѓу двајца кои се сакаат толку многу и толку долго. Тие навистина не можат да живеат едни без други. Има вистина во изреката „Срце ме боли“. Докажано е дека болката и патењето за саканата личност во рецепторите на мозокот доведува до исти реакции како кај зависниците од дрога. Тоа е еден начин љубовна зависност од партнерот.

Ако т.н. емоционална инвестиција не може да се префрли на децата или на внуците, тогаш партнерските врски се уште посилни и тешко се преболува загубата.

Би можело да ве интересира:

Очекувања vs. реалност: „Што порачав онлајн, а што добив?“ Некои корисници на интернет покажаа што порачале онлајн, а што всушност добиле.....
Заработува милијаради од производи за убавина, а шета несредена - Како изгледа најбогатата жена во с... Богатството го добила од компанијата која е синоним за женска убавина и шминка, ...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
11 зимски и новогодишни декорации од TEMU за кои нема да потрошите цело богатство Какви декорации за празниците може да си купите од TEMU за цена до 600 денари? С...
Вежби за мозокот со кои ќе го намалите ризикот од деменција Играњето шах бара стратешко планирање и задржување на вниманието, при што ќе ви ...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg