Бон-тон правила за прв состанок, со кои ќе оставите добар впечаток
Не го избирајте најевтиното, ниту најскапото јадење на менито
Дамата не треба да го нарача најевтиното јадење на менито, затоа што на тој начин испраќа индиректна навреда.
Ако го нарача најскапото, пак, ќе остави впечаток дека има погрешни намери.
Плаќање на сметката
Според бон-тонот, мажот е тој што треба да ја побара сметката и жената не треба да се расправа со него.
Ако сака да покаже дека е финансиски независна, тогаш треба да побара да ја поделат сметката пред да дојде келнерот, или да се понуди барем да остави бакшиш.
Бонус: Кога делите сметка со пријатели
Во случај кога мажот и жената се само пријатели, тие може да се договорат за плаќањето. Но, пак мажот е тој што ја бара сметката, а потоа тие двајца се договараат како ќе ја поделат и колкав бакшиш ќе остават.
Внимавајте на алкохолот
Ако целта ви е да ја импресионирате личноста со којашто сте на состанок, сите надежи може да ви паднат во вода, ако не внимавате на количеството алкохол што го внесувате.
Заради прекумерното количество алкохол станувате невнимателни, губите контрола и секако нема да успеете да се покажете во вистинско светло.
Не ѝ давајте лажни надежи на личноста и секогаш јавете се по состанокот
Обидете се да бидете јасни што очекувате од првиот состанок и не ѝ давајте лажни надежи на личноста.
Исто така, дури и во случаите кога не ви се допаднала личноста со којашто сте биле на состанок, културно е да пишете порака и отворено да ѝ кажете дека не сакате повеќе да се гледате.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: AI