Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура

„Пиета“ (Pietà) – Микеланџело

Уште едно ремек-дело на Микеланџело.

„Пиета“, чие оригинално име е Madonna della Pieta, е мермерна скулптура која ги претставува Исус и Дева Марија.

Скулптурата ја овековечува библиската сцена по распнувањето на Исус, кога мајка му го држи во раце.

Микеланџело ја направил статуата во периодот 1498-1499 година и интересно е што ова е единственото уметничко дело на кое уметникот се потпишал.

Денес скулптурата се наоѓа во базиликата Свети Петар во Ватикан.

najznachajnite-i-najubavite-skulpturi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-07.JPG

Екстазата на Света Тереза (L’Estasi di Santa Teresa) – Џан Лоренцо Бернини

Едно од позначајните дела на италијанскиот скулптор е „Екстазата на Света Тереза“.

Мермерната скулптура ја претставува светицата Тереза Авилска која е во состојба на екстаза, откако добила визија.

Над неа стои ангел кој држи копје.

Скулптурата е сместена во раскошен мермерен олтар, исто така изработен од Бернини.

Скулпторот работел на делото од 1647 до 1652 година, а денес се наоѓа во црквата Санта Марија Дела Виторија во Рим.

najznachajnite-i-najubavite-skulpturi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-08.JPG

Нике од Самотракија (Niké of Samothrace)

Позната и како „Крилестата победа на Самотракија“, мермерната скулптура од древна Грција била најдена грчкиот остров Самотракија.

Jа претставува Нике – грчката божица на победата – и е висока скоро 3 метри.

На скулптурата ѝ недостасуваат главата и рацете, а е поставена на основа која наликува на дел од брод.

Се верува дека е направена помеѓу 200-та и 190-та година пред нашата ера, а моментално се наоѓа во Париз.

Но, бидејќи е една од ретките добро зачувани скулптури од хеленистичкиот период, Грција ја бара назад.

najznachajnite-i-najubavite-skulpturi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-09.JPG

Силувањето на Просерпина (Rattio di Proserpina) – Џан Лоренцо Бернини

Нарекувана и „Грабнувањето на Просерпина“, мермерната статуа на Бернини е направена помеѓу 1621 и 1622 година, односно почетоците на неговата кариера.

Статуата е инспирирана од митот за римската божица Просерпина, која била киднапирана од Плутон и однесена во подземјето.

На статуата се претставени Плутон и Просерпина, а се гледа и куче кое ја означува границата со подземјето.

Ремек-делото се наоѓа во Боргеската галерија во Рим.

najznachajnite-i-najubavite-skulpturi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-10.JPG

Големата сфинга

Големата сфинга во Гиза е статуа од варовник која прикажува митско суштество кое има глава на човек, а тело на лав.

Ова е можеби најстарата скулптура во Египет и една од најпрепознатливите во светот.

Се верува дека била изградена за време на Старото египетско кралство, односно во периодот 2558-2532 година пред нашата ера.

Носот на сфингата е скршен, но не е познато зошто и како.

Постои мит дека носот бил откршен од топ испукан од војниците на Наполеон.

Но, ова не е точно бидејќи скршениот нос на сфингата се спомнува и пред Наполеон.

najznachajnite-i-najubavite-skulpturi-od-minatoto-koi-treba-da-gi-znaete-od-opshta-kultura-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg