Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес
Храмот на Кукулкан во Мексико
Храмот на Кукулкан, нарекуван и El Castilo, е пирамида во дрвениот град Чичен Ица кој бил изграден од Маите.
Храмот е најголемата пирамида градот и е висока 24 метри.
Изградена е во 600-тата година од нашата ера, а интересно е што има вкупно 365 скалила, колку што има денови во годината.
Партенон Во Грција
Храмот Партенон во Атина е изграден во чест на грчката божица Атена.
Изграден е околу 440 година пред нашата ера и до денес важи за една од најимпресивните градби од древниот свет.
Храмот Калиаса во Индија
Храмот Калиаса е можеби најфасцинантната градба на листата.
Целата градба е изрезбарена во карпа, а направена е околу 750-770 година од нашата ера.
Амфитеатарот во Стоби, Македонија
Стоби е едно од најдобро зачуваните археолошки наоѓалишта во земјава.
Покрај зачуваните остатоци, како базиликата во која има крстилница и живописните мозаици, овде Е и театарот изграден во втори или трети век од нашата ера.
ТЕатарот можел да прими над 7.000 посетители, а голем дел од него е зачуван и денес.
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
Спирова С. | Црнобело