Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес
Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни древни градби кои до денес важат за архитектонски чуда.
Кај повеќето се зачувани само делови, но има и некои кои се во навистина добра форма, особено кога ќе се земе предвид дека се стари повеќе од 1.500 години.
Дел од најубавите древни градови кои можете да ги видите и денес:
Аквадуктот во Сеговија, Шпанија
Големиот аквадукт, кој е во добра состојба и денес, бил изграден некаде помеѓу првиот и вториот век од нашата ера.
Го изградиле Римјаните и со него носеле вода во градот од река која се наоѓа на 20-тина километри од градот.
Њугрејнџ во Ирска
Њугрејнџ е праисториски споменик во Ирска изграден во неолитот, односно околу 3200 година пред нашата ера.
Градбата е всушност гробница, Со дијаметар од околу 76 метри и е постара од Стоунхенџ во Англија и пирамидите во Египет.
Колосеумот во Рим
Можеби најпопуларната градба на листава е изградена од Римјаните, околу 80-та година од нашата ера.
Колосеумот е најголемиот древен амфитеатар, но и денес важи за еден од најголемите амфитеатри во светот.
Портата на сите народи во Иран
Портата на сите народи, позната и како Портата на Ксеркс, е остаток древна палата која се наоѓа во древниот град Персеполис во Иран.
Персеполис бил една од престолнините на Персија, а палатата била изградена помеѓу 550 и 330 година пред нашата ера.
Градот Персеполис, пак, бил запален од Александар Македонски.