Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата)
Барате огромни промени во оброкот што го нарачувате
Во ред е да речете дека не сакате домати или кромид или некоја ситница во оброкот што нарачувате.
Но, немојте да барате огромни промени.
Ставате ѓубре во шолјите за кафе
Амбалажата од шеќерчето, салфетите, па и гума за џвакање на тацната…
Немојте да ги полните шолјите за кафе со ѓубрето што ви останало бидејќи им создавате дополнителни обврски на келнерите.
Нив им е многу полесно да го соберат ѓубрето од масата, отколку да го вадат од шолјите, накиснато со кафе.
Очекувате келнерот да ви ги чита мислите кога чекате сметка
Ако во локалот нема многу гужва, келнерот можеби ќе забележи дека планирате да си одите.
Но, сепак, кога сакате да плаќате, не очекувајте да ви ги прочита мислите и довикнете му.
Го „истурате“ гневот врз келнерите
Келнерите се овде за да ве услужат и ако имате какви било поплаки во врска со храната, амбиентот или што и да е, немојте да им „се истурате“ нив.
Дури и ако имате проблем со самиот келнер, бидете учтиви.
Спирова С. | Црнобело