Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 животни лекции од „Кралот лав“ што се релевантни и 30 години подоцна

Треба да ги почитуваме сите, а кога ќе направиме грешка, треба да си ја признаеме, да научиме од неа и, најважно, да си простиме.

6-zhivotni-lekcii-od-kralot-lav-shto-se-relevantni-i-30-godini-podocna-01.jpg

Поминаа точно три децении од премиерата на Кралот лав, а цртаниот филм до денес е еден меѓу омилените на јавноста.

Покрај забавната приказна, цртаниот изобилува и со мудри цитати и совети кои можеме да ги примениме и во реалноста.

6-те животни лекции од Кралот лав кои се релевантни и денес:

Треба да ги почитуваме сите

Муфаса е крал, но уште не почетокот го учи Симба да биде понизен и да им покажува почит на сите:

„Сè што гледаш, постои заедно во хармонија.

Како крал, ти треба да ја разбереш таа хармонија и да ги почитуваш сите суштества – од мравките до антилопите“.

6-zhivotni-lekcii-od-kralot-lav-shto-se-relevantni-i-30-godini-podocna-002.jpg

Саканите што сме ги изгубиле продолжуваат да живеат во нас

Еден од најтажните моменти во цртаниот е смртта на Муфаса.

Но, можеби уште поемотивен e мигот кога мајмунот Рафики му кажува на Симба дека татко му, иако е мртов, сепак е со него бидејќи живее во него преку сеќавањата и лекциите што му ги кажал.

6-zhivotni-lekcii-od-kralot-lav-shto-se-relevantni-i-30-godini-podocna-03.jpg

Семејство можат да бидат и личности со кои не сме крвно поврзани

Откако Симба е присилен да го напушти својот дом по смртта на татко му, тој ги запознава Тимон и Пумба.

И, тие брзо му стануваат пријатели, но и многу повеќе од тоа.

Симба расте со нив и тие му стануваат семејство, без разлика што не се крвно поврзани, па се дури i разни видови на животни.

Што значи, како семејство можете да ги гледате и луѓето кои не ви се никакви роднини, но биле покрај вас и во добро и во лошо.

6-zhivotni-lekcii-od-kralot-lav-shto-se-relevantni-i-30-godini-podocna-04.jpg

Не треба да заборавиме да се забавуваме

Заразната песна на Тимон и Пумба – Hakuna Matata – е одлична животна филозофија.

Како што откриваат и тие, насловот значи „Без грижи“ или „Не грижи се“.

Секако, не треба да ги запоставуваме обврските во животот, но не треба да заборавиме и да бидеме безгрижни, да си дозволиме да се релаксираме и да не заборавиме дека дури и да сме во лоша ситуација, и тоа ќе помине.

6-zhivotni-lekcii-od-kralot-lav-shto-se-relevantni-i-30-godini-podocna-05.jpg

Важно е да си простиме

Скар успева да го убеди Симба дека тој е виновен за смртта на Муфаса.

И, нормално, Симба се обвинува самиот и постојано чувствува вина, и тоа не само за татко му, туку и затоа што избегал од домот.

Иако му треба многу време, на крај Симба учи да си прости и се чувствува многу подобро.

Никој не е имун на грешки и кога-тогаш сите ќе направиме и по некоја навистина голема.

И, тоа е во ред, сè додека си ја признаете грешката, научите нешто од неа и, најважно, си простите.

6-zhivotni-lekcii-od-kralot-lav-shto-se-relevantni-i-30-godini-podocna-06.jpg

Лошите луѓе се подготвени да ги предадат и најблиските

Интересно е што во многу култури, вклучувајќи и кај нас, хиените се синоним и за подмолни луѓе.

Па, не залудно овие животни се одбрани едни од за негативците во Кралот лав

И, низ цртаниот постојано сведочиме на нивната подмолност.

На крај, тие се свртуваат и против Скар, откако сфаќаат дека ја изгуби битката против Симба, а со тоа и тронот.

Па, штом забележите дека некој е злобен и подмолен, никогаш немојте да му верувате.

6-zhivotni-lekcii-od-kralot-lav-shto-se-relevantni-i-30-godini-podocna-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
9 мажи кои може да ја добијат наградата „татко на годината“ „Татко ми помина околу еден час во кујната за да ме изненади со ‘специјално зајч...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg