Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли?

„Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“

dali-sme-svesni-dali-boli-medicinska-sestra-odgovara-na-prashanja-za-smrtta-01.jpg

Колку да не сакаме да мислиме на тоа, смртта сепак е дел од нашите животи и нешто што нè очекува сите нас.

Нормално, на секој човек му е тешко да се соочи со својата смртност, а бидејќи никој не знае што се случува во мигот кога настапува смртта, сите чувствуваме страв, но и имаме безброј прашања.

Досега никој не се „вратил“ за да ни каже што точно се случува, но медицинските лица, психолозите и други експерти имаат неколку теории.

На ТикТoк млада медицинска сестра, Џули, често објавува едукативни видеа во кои зборува за смртта.

dali-sme-svesni-dali-boli-medicinska-sestra-odgovara-na-prashanja-za-smrtta-04.jpg

Неодамна, таа одговараше и на прашања од читателите на BuzzFeed поврзани со смртта.

Дел од прашањата и одговорите во продолжение (кои се само нејзино гледиште, а не потврдени):

„Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“

„Одговорот е дека не знаеме со сигурност. Но, лесно е да се утврди дали додека некој умира се чувствува удобно или не.

Јас верувам дека личноста кај која настапува смртта е потполно несвесна, па сигурно не се прашува свесно што се случува.

Верувам дека можеме да го утврдиме ова од невербалните знаци што ги добиваме од личноста. Како кај бебе – бебето не може да каже што му пречи, но може да ни покаже со плачење и слично“.

„Кога некој умира, дали може да нè слушне или почувствува?“

„Веруваме дека личноста која умира сè уште може да нè слушне. Сетилото за слух е последното сетило кое се ’исклучува‘.

Направени се истражувања на мозоци кои умираат и кои покажуваат дека сетилото за слух е активно.

Сепак, не сме сигурни колку луѓето разбираат од она што го слушаат“.

dali-sme-svesni-dali-boli-medicinska-sestra-odgovara-na-prashanja-za-smrtta-02.jpg

„Дали боли кога некој умира?“

„Сакам да кажам дека самото умирање не боли, особено ако станува збор за природна смрт, но ако дозволите природниот процес да надвладее.

Ова не предизвикува болка, но ако станува збор за болест, симптомите можат да предизвикаат болка“.

„Мајка ми има Алцхајмерова болест и не распознава никого. Дали ќе ги препознае оние кои се покрај неа кога ќе умира?“

„Би рекла дека не. Обично не. Понекогаш заболените имаат добри денови кога се сеќаваат на нивните деца и помнат други работи.

Но, на крајот од денот, Алцхајмер е прогресивна болест и обично во последната фаза на умирање, личноста не зборува и не препознава никого. И дури и ако препознае некого, не може да го каже тоа.

Но, последните фази од Алцхајмер се всушност најмирните. Со години, луѓето со Алцхајмер чувствуваат збунетост и параноја. Последните фази се мирни бидејќи обично спијат по 22 часа на ден“.

dali-sme-svesni-dali-boli-medicinska-sestra-odgovara-na-prashanja-za-smrtta-03.jpg

„Како да се справам со мојот страв од смртта?“

„Свесноста за стравот може да го ублажи. Исто така, многу луѓе кои се плашеле од смртта ми кажале дека со учењето за тоа како функционира телото кога умира им помогнало да се ослободат од анксиозноста.

Мислам дека едуцирањето може да го намали стравот - ќе знаеме што ќе се случи, ќе знаеме дека е нормално да се плашиме и ќе се утешиме во процесот.

Мислам дека кога го игнорираме стравот, не сакаме да размислуваме за него, тогаш тој се зголемува“.

Спирова С. | Црнобело

Фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg