Детали од секојдневието на Французите што ги бунат туристите
Имаат необични специјалитети
Франција е позната по печивата, сирењето, но и бројни други вкусни традиционални јадења.
Сепак, дел од специјалитетите на Французите би ги пробале само најхрабрите.
Меѓу најпопуларните се полжави и копани од жаби.
Ги кажуваат броевите на необичен начин
Секој кој учел француски јазик, сигурно се соочил со проблем со броевите.
За разлика од повеќето јазици, во францускиот треба да користите операции како собирање и множење за да кажете одреден број.
На пример, бројот деведесет и седум на француски е quatre-vingt-dix-sept.
Во буквален превод, четири-дваесет-десет-седум.
Односно, дваесет помножен со четири, плус десет, плус седум.
Во аптеките се продаваат само лекови
Кај нас и многу земји ширум светот, во аптека можете да најдете и други работи освен лекови, како продукти за убавина.
Но, во Франција во аптеките се продаваат само лекови и ништо друго.
Притоа, во повеќето градови има аптека на секој агол.
Поздравувањето со пријатели и познаници зависи од регионот
Слично како кај нас, Французите имаат навика да ги прегрнат и бакнат пријателите и членовите на семејството кога ќе ги сретнат.
Но, она што е интересно е дека во некои региони поздравот е со два бакнежи, во некои со три, во некои со еден…
И, за доселениците и туристите ова може да биде збунувачко.
По ручек, јадат сирење
Сирењето е важен дел од француската кујна и овде можете да најдете безброј видови.
А, Французите имаат навика да изедат парче сирење по ручекот (односно пред десертот).
Обично го прават ова за да го продолжат разговорот со луѓето со коишто ручале.
Но, истовремено, се верува дека сирењето ја неутрализира киселината од другата храна, па на некој начин ги штити забите.
Секако, сирењето не е замена за паста за заби и правилна орална хигиена.
Спирова С. | Црнобело