Детали од секојдневието на Французите што ги бунат туристите

Слично како нас, Французите се поздравуваат кога влегуваат во пекара или во лифт со сосед, но тие имаат навика да се поздравуваат со сите луѓе што ги сретнуваат, без разлика дали ги познаваат или не.

detali-od-sekojdnevieto-na-francuzite-shto-gi-bunat-turistite-01.jpg

Франција е земја која нè асоцира на романтика, вино и вкусна храна, но оваа држава нуди многу повеќе од тоа.

Начинот на живот на Французите главно не се разликува премногу од нашиот, но во нивното секојдневие постојат ситници кои нам би ни биле чудни.

Работи што ги прават Французите, а ги зачудуваат туристите:

Некои продавници не работат во текот на летото

Во градовите кои не се многу посетувани од туристи, повеќето сопственици на локални продавници не работат во одреден период од летото.

Најчесто ова е во текот на месец август, кога скоро сите локалци се на одмор.

Па, и сопствениците го користат овој период за одмор и ги затвораат нивните продавници бидејќи знаат дека ќе немаат некој голем профит.

detali-od-sekojdnevieto-na-francuzite-shto-gi-bunat-turistite-02.jpg

Сакаат да пијат кафе од големи шолји

Наутро, Французите пијат кафе (најчесто еспресо) со многу млеко, и тоа од огромни шолји кои наликуваат на длабоки чинии.

Повеќето имаат навика да макаат со кроасан или слично печиво во кафето, па затоа и преферираат големи шолји.

detali-od-sekojdnevieto-na-francuzite-shto-gi-bunat-turistite-03.jpg

Се поздравуваат и со луѓе кои не ги познаваат

Французите имаат навика да ги поздравуваат луѓето кои не ги познаваат.

Ги поздравуваат возачот на автобус, касиерите во маркет, луѓето кои чекаат со нив во ординација, луѓето со кои се разминуваат, во лифт…

Во некои ситуации и ние ја имаме истата навика, но Французите дефинитивно одат чекор подалеку.

detali-od-sekojdnevieto-na-francuzite-shto-gi-bunat-turistite-04.jpg

Низ државата има многу кружни текови

Франција е земјата со најмногу кружни текови – околу 43.000.

За Французите ова не претставува никаков проблем, но за туристите кои немаат навика да возат на кружен тек, сообраќајот може да биде навистина збунувачки.

detali-od-sekojdnevieto-na-francuzite-shto-gi-bunat-turistite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg