Стрии, царски рез, белези – Како луѓето ги прекриваат несовршеностите со тетоважи?
Како изгледа кога лузните од царскиот рез, стриите на нозете или лузните од изгореници ќе се прекријат со тетоважи? Тату-артистка им помага на луѓето да ги прикријат со ремек-дела несовршеностите на нивното тело и им ја враќа самодовербата.
Секој има причина зошто сака на своето тело да носи тетоважа, а овие луѓе одлучиле несовршеностите на нивното тело да ги прекријат со уметнички ремек дела, кои ќе ги потсетуваат на она низ што поминале во животот.
Тран Ти Бик Нок е виетнамска тату-артистка која им помага на своите клиенти да си ја вратат самодовербата.
Лузните од изгореници, царски рез, стриите и белезите се пртвораат во уметнички дела, а речиси никој не може да забележи дека под нив се крие трага од минатото, што луѓето сакаат да ја заборават.