Лекции кои може да ги научите од домашните миленици

9-poucni-lekcii-koi-moze-da-gi-naucite-od-domasnite-milenici-povekjeНашите најдобри четвороножни пријатели се полни со животни мудрости. Ова се 9 корисни работи кои можете да ги научите од домашните миленичиња...


...за да имате поквалитетен живот.

1. Не постои мултитаскинг. Кога кучињата добиваат задача, нивната концентрација е посветена целосно само на тоа. Истражувањата на експерти од Стенфорд покажала дека концентрацијата и помнењето се послаби кај оние личности кои прават неколку работи истовремено: зборуваат на телефон, пишуваат и-мејл и слично.

9-poucni-lekcii-koi-moze-da-gi-naucite-od-domasnite-milenici-1

2. Спиењето е задолжително. Вашата мачка цел ден го поминува во хоризонтала, а кучето одмора на неколку часа. Учете од нив. Не значи цел ден да го поминете во кревет, но барем одморете после работа. Кратките одмори помагаат за концентрацијата и полесно ве опоравуваат од менталниот стрес.

3. Движете се. Независно од тоа дали имате две, или четири нозе, шетањето е најдобар начин за да го сочувате здравјето. Одењето е најздрава телесна активност со која можете да се занимавате. За добри резултати дневно треба да направите околу 12.000 чекори (во просек правиме по 4.500).

9-poucni-lekcii-koi-moze-da-gi-naucite-od-domasnite-milenici-2

4. Ценете ги своите пријатели. Луѓето се друштвени и сакаат да живеат фамилијарно. Пријателите се всушност семејството кое сами си го бираме. Оние кои имаат повеќе пријатели живеат подолго.

5. Бидете љубопитни. Таквите личности успеваат во животот. Не задоволувајте се со кратки одговори. Прашувајте, читајте, учете, напредувајте.

6. Јадете риба. Лосос, туна, пастрмка, сардина – омилени на мачките, но го чуваат и човековото здравје.

9-poucni-lekcii-koi-moze-da-gi-naucite-od-domasnite-milenici-3

7. „Мавтајте со опашката“. Кучињата вака покажуваат радост, мачките кога нешто не им одговара го прават истото. Следете го нивниот пример и отворено покажувајте ја сопствената среќа. Смејте се и дајте им на другите на знаење дека им се радувате. Така и тие ќе ви се радуваат вам.

8. Држете се до распоредот. Животните знаат кога јадат, кога ги шетате, кога се галите со нив. Тие сакаат рутина. Истото важи и за човековиот биоритам. Навикнете се да јадете во исто време, да си легнувате и да се будите во исто време. Вашиот организам нема да пати, а метаболизмот ќе биде пофункционален.

9-poucni-lekcii-koi-moze-da-gi-naucite-od-domasnite-milenici-4

9. Бидете откачени и играјте си. Играњето не е само за деца. Допуштете си себе си да бидете блесави и заборавете на работата, обврските, окружувањето. Бидете „среќно дете“!

Би можело да ве интересира:

Периоди во животот кога е нормално (и корисно) да се чувствувате изгубено, според психологијата Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено. Но...
Тротинети на аеродром, посебни панталони за хигиенски навики кај деца – Работи што ги има во светот,... Дали знаете дека во Холандија можете да си купите домашно млеко од „млекомат“? А...
Бон-тон грешки заради кои делувате како некултурна личност Ги оставате корпите на каса во маркет, коментирате за нечиј изглед, нагласувате ...
„Ја заборавив дома“ – Кој ви беше омилен изговор кога немавте напишано домашна? „Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца „Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg