Бон-тон грешки заради кои делувате како некултурна личност
Ги оставате корпите на каса во маркет, коментирате за нечиј изглед, нагласувате на маса во ресторан дека ви се оди во тоалет. Заради кои бон-тон грешки изгледате некултурно и треба да престанете да ги правите?
Културните луѓе се свесни за бон-тон правилата и се трудат да ги следат редовно и да внимаваат на своето однесување. Иако на прв поглед ни делуваат безначајно, кога не ги следите може да се најдете во некои непријатни или смешни ситуации.
Кои бон-тон грешки треба да ги избегнувате за да не оставите впечаток на некултурна личност?
Барате виљушка за остриги
Оние што сакаат да јадат морска храна, знаат дека остригите не се јадат со прибор за јадење, туку со рака, па ако побарате виљушка може да изгледате некултурно.
Ако остригата е залепена за школката, тогаш може да ја одлепите со ноже.
Велите „нема проблем“ кога некој ќе ви се заблагодари
Ако кажете „нема проблем“ или „не грижи се“, тоа може да значи дека услугата што некому сте ја направиле ви била проблем.
Подобро е да кажете „ми беше задоволство“ или „нема на што“.
Јавно кажувате дека ќе одите во тоалет
Нема потреба експлицитно на маса да објаснувате каде ќе одите. Културно би било да кажете: „Извини, морам да станам за кратко“.
Покажувате насока со прст
И малите деца знаат дека не треба во никого да се покажува со прст, а кога сакате да покажете насока, направете го тоа со целата рака.