Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат
Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како изгледа секојдневието на Бразилците?
Бразил е голема земја со култура која донекаде е слична на нашата, но во некои ситуации многу се разликува.
Неколку детали од секојдневието на Бразилците што сигурно ќе ве изненадат:
Мажите избегнуваат шорцови за на плажа
Повеќето мажи избираат да носат широки костими за капење, односно шорцови.
Но, ова не важи за Бразилците – скоро сите носат тесни костими за капење.
Трагите од сончање се знак за убавина
Додека ние даваме сè од себе за да ги скриеме трагите од сончање, Бразилците се гордеат со нив.
Во Бразил, ова е знак за убавина.
Многу се гостопримливи
И Македонците се познати по гостопримливоста, но Бразилците малку нè надминуваат.
Тие без проблем ги прегрнуваат луѓето кои ги гледаат првпат во животот, а често имаат навика да ги допираат другите по рака или по рамо додека разговараат.
Пијат многу студени пијалаци
И ние сакаме мраз во пијалакот кога е лето, но Бразилците одат чекор подалеку.
Тие ги чуваат нивните пијалаци на речиси смрзнувачки температури и им ставаат многу мраз.
А, ова е и логично кога ќе земете предвид колку се жешки летата во Бразил.