Финансиски манипулации, сурови убиства: Кои се едни од најпознатите социопати во историјата?

Доротеа Пуенте

Позната и како „Газдарица на куќата на смртта“, Доротеа Пуенте имала пансион во Сакраменто и изгледала како угледна личност.

Таа им помагала на своите потстанари, но сепак, тоа било дел од нејзиниот голем план.

Таа ги убивала своите гости и ги закопувала нивните останки во дворот, па ги користела нивните пензии и финансиски средства.

finansiski-manipulacii-surovi-ubistva-koi-se-edni-od-najpoznatite-sociopati-vo-istorijata-07.jpg

Елизабет Холмс

Уште една личност на листата која би направила сè за поголема финансиска добивка, е Елизабет Холмс.

Таа манипулирала со инвеститорите со нејзината компанија Теранос, со која тврдела дека ќе прави анализи на крвта со нова машина, која всушнст никогаш и не профункционирала.

Теранос собрала повеќе од 700 милиони долари.

finansiski-manipulacii-surovi-ubistva-koi-se-edni-od-najpoznatite-sociopati-vo-istorijata-08.jpg

Дајан Даунс

Дајан Даунс се прослави со особено грозоморно злосторство извршено во 1983 година. На 19 мај таа ги застрелала своите три деца, а потоа се ранила во левата рака.

Потоа итно ги однела во болница, тврдејќи дека биле жртви на обид за крадење автомобил. Но, вработените во болницата уште веднаш се посомневале во нејзината приказна.

Две од децата преживеале, но едното поминало трагично. Таа наводно ги извршила делата бидејќи мажот со кој била заплеткана не сакал деца во нивниот живот.

Во 1984 година Даунс била осудена на доживотен затвор.

finansiski-manipulacii-surovi-ubistva-koi-se-edni-od-najpoznatite-sociopati-vo-istorijata-09.jpg

Тед Банди

Банди бил привлечен маж кој вешто флертувал со жените и ги маѓепсувал, честопати ги намамувал во својот автомобил, каде што ги задржувал и убивал.

Дури и по апсењето, Банди се обидел да ја одржи својата невиност, измислувајќи лаги за адвокатите, медиумите…

Меѓутоа, на крајот сфатил дека играта е завршена и признал дека убил 30 луѓе.

finansiski-manipulacii-surovi-ubistva-koi-se-edni-od-najpoznatite-sociopati-vo-istorijata-10.jpg

Чарлс Менсон

Чарлс Менсон е познат по тоа што го извршил убиството на актерката Шерон Тејт, но всушност Тејт била само една од деветте жртви, од кои повеќето Менсон ги убивал со помошник.

Тој имал свое „семејство“, односно култ составен од околу стотина членови, а сите редовно користеле дроги.

finansiski-manipulacii-surovi-ubistva-koi-se-edni-od-najpoznatite-sociopati-vo-istorijata-11.jpg

М. Ѓ. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg